Имињата на пратениците кои учествуваа во отворањето на вратите на Собранието

by fokus

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија се пратениците кои учествуваат во отворањето на вратите од Собранието на 27 април.

Според снимките кои ги објави телевизија Телма, Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отстрануваат препреките кои ги држат вратите затворени, а останатите ја насочуваат топлата. Дел од учесниците во толпата се гушкаат и се поздравуваат со овие пратеници.

Како што објави Телма, во целата акција за влез во Собранието учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК.

Поврзани новости