Имале ли ќар македонските власти од „шпионскиoт договор” со NSA?

by Фокус

Владите кои учествуваат во проектот RAMPART-A на американската Агенција за национална безбедност (NSA) добиваат нешто за возврат: Пристап до софистицираната опрема за следење на NSA со која и тие можат да ги шпионираат огромите количества податоците кои доаѓаат и кои излегуваат од нивната територија. Ова го открива The Intercept, интернет медиум создаден за да се претстават тајните документи на NSA коишто ги откри Едвард Сноуден.

Вчера речиси сите медиуми на Балканот ги пренесоа информациите на данскиот весник Dagbladet Information и на интернет платформата The Intercept според кои Македонија е една од 33-те земји со кои американската Агенција за национална безбедност (NSA) има тајни договори за шпионирање.

Весникот потенцира дека партнерскиот договор предвидувал дека државата „домаќин“ нема да ја користи технлогијата на NSA за да собира податоци за американски граѓани и дека aгенцијата нема да го користи пристапот за да собира информации за граѓаните на земјата-доамаќин, иако во еден од документите на NSA стоело дека има исклучоци од ова правило, но не пишувало какви се тие и во кои случаи.

The Intercept пишува дека досега се знаеше оти NSA соработувала со агенциите за прислушкување на Обединетото Кралство, Канада, Нов Зеланд и на Австралија како дел од таканаречената разузнавачка алијанса „Пет очи“. Меѓутоа последните документи на Сноуден покажуваат дека одреден број на други земји играат се поважна улога со тоа што ѝ дозволуваат на NSA да инсталира разузнавачка опрема на нивните оптички кабли.

Ова им дозволува на Американците тајно да собираат податоци од разни интернет точки и тоа телефонски разговори, факсови, имејлови, интернет четови и разговори преку Скајп.

Според тајните документи програмата ги чинела американските граѓани околу 170 милиони долари во периодот од 2011 до 2013 година и со помош на неа NSA може да собира податоци со брзина на светлината. RAMPART-A ѝ овозможува на NSA пристап до 3 терабити податоци во секоја секунда, тоа е интернет брзина со која може да се симнуваат 5.400 филмови со висока резолуција во една минута.

Покрај Македонија и Хрватска, на оваа листа се и други европски држави како Британија, Австрија, Белгија, Чешка, Унгарија, Холандија, Данска, Финска, Франција, Норвешка, Германија, Полска, Грција, Италија, Романија, Шпанија и Шведска.

Поврзани новости