„Има и полошо“ да го замениме со „Може и подобро“

by lali

Оние, пак, како мене, кои годината што измина ја сметаат за тешка и маглива година, побргу нека ја заборават. Грешките во старата 2013 нека им бидат поука за во Новата 2014 и истите да не ги повторат, освен ако не им се омилени.

Нема да должам и да честитам од она стандардното: среќа, љубов и пари зашто тоа на сите постојано ви го посакувам без разлика дали е кажано за време на Нова година или за време на Божиќ. Само едноставно ќе ви порачам да бидете амбициозни, со критичка мисла зашто без силна критика нема силна држава. Голтнете ја грутката што ви пречи да кажете тоа што не ви чини. Обидете се правилно и самоволно да ги поставите работите. Бидете добар пример! Одговорете на неправдата и на нечовечноста, на корупцијата и на манипулацијата. Утешете ги измачените, охрабрете ги уплашените, сочувствувајте со повредените, поддржете ги обесправените. Не мислете дека тоа е работа на некој друг. Тоа е ваша работа, тоа е сечија работа!

Здравјето нека нè служи, а за сè друго ќе се бориме! No pasarán!