Има 180 празни болнички кревети, тврдат од Министерството за здравство

by fokus

Од Министерството за здравство информираат дека вкупната бројка пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.256 и има околку 180 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид – центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости