Им ветувал дека ќе обезбеди документи за работа во Германија на гостиварци и собрал над 7.000 евра

by fokus
Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија.

За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

Поврзани новости