Им се заканувал на лекарот и медицинската сестра дека ќе ги убие ако нешто и се случи на неговата внука

by fokus

Скопјанец им се заканувал на лекар и медицинска сестра од Поликлиниката во Чаир кои работат на детско одделение дека ќе ги убие ако нешто и се случи на неговата внука. Е.С. им упатил навреди, омаловажувања и понижувања на медицинскиот персонал откако побарал лекарска помош за неговата внука, но му било речено дека мора да се јави на пунктот за итна медицинска помош.

Настанот се случил вчера околу 12.40 часот. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло откако Е.С. со неговиот брат ја донеле внуката во поликлиниката со грчеви. Од страна на лекар на детското одделение му било кажано дека со возило на брза помош треба да се однесе на детската клиника. Побарано било телефон од итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефонот, на што од страна на лекарот на детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на итната медицинска помош кој бил во склоп на поликлиниката.

Во тој момент Е.С. започнал да вика и да удира на вратата по што започнал да упатува закани кон медицинската сестра. Потоа излегол лекарот А.Н. кој Е.С. почнал да го турка и влече, притоа заканувајќи му се по животот ако нешто му се случи на детето. По некое време од роднини на детето Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го превзеле детето. По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Поврзани новости