Илјадници Турци протестираа во Истанбул против затворската казна за опозиционерката

by fokus

Илјадници Турци синоќа излегоа на протест во Истанбул заради затворањето на опозициската политичарка, Чанан Кафтанчиоглу, членка на Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција.

– Демонстрантите во градската населба Малтепе извикуваа „права, закон, правда“ во знак на поддршка и солидарност со Кафтанчиоглу.

Врховниот суд на Турција неодамна ја потврди петгодишната затворска казна за политичарката, која беше прогласена за виновна за навреда на претседателот и турската држава во нејзините објави на Твитер меѓу 2012 и 2017 година.

Кафтанџиоглу, шефица на истанбулскиот огранок на секуларната ЦХП, се насмевуваше и им отпоздравуваше на насобраните демонстранти.

На 50-годишната опозициска политичарка сега и се заканува условна осуда и петгодишна забрана да се занимава со политика. Таа на неколку пати претходно изјави дека наводите се политички мотивирани.

Критичарите велат дека нејзината казна е дел од задушувањето на опозицијата од страна на претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на претседателските избори следната година.

Кафтанџиоглу, исто така, го предводеше истанбулскиот огранок на ЦХП за време на локалните избори во 2019 година, на кои се заврши 25-годишното владеење на партијата на Ердоган и нејзините претходници.

Поврзани новости