Илија Димовски сам ќе ја гушка триумфална

by Фокус

Пратеникот и министер во сенка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вчера изјави дека сам, само со своите раце, ќе ја гушне Триумфалната капија во центарот на Скопје и така ќе изрази протест за идејата на власта од портата да направи огромна жардиниера.

Димовски во минатото како дел од власта ги критикуваше активистите кои симболично, со синџир од луѓе го гушкаа Градскиот трговски центар (ГТЦ) и спореше со нив дека не треба да бидат против реконструкција на објектот, како што тој ја нарекуваше новата барокна фасада на ГТЦ.

Тој дури се шегуваше дека истите активисти треба да ги гушкаат патиштата и железничката станица во Скопје, кои, исто така, биле реконструирани во времето на ВМРО. Љубопитните новинари го прашаа Димовски како планира да го изведе подвигот и сам да ја гушне целата Триумфална порта која има пречник од неколку десетици метри.

– Па, долга е раката на ВМРО! – самоуверено изјави Илија Димовски.

Поврзани новости