Илиевски во интервју за неделникот „Фокус“: Правосудните власти со функционери на ВМРО-ДПМНЕ правеа калкулации кој да биде обвинет во предметите на СЈО!

by fokus 18:12
18:12

Речиси една година поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во затворот „Идризово“. Таа е еден од ретките функционери на ВМРО-ДПМНЕ која е осудена на правосилна пресуда, по предметите од СЈО. Неделникот  „Фокус“ разговараше со нејзиниот адвокат и сопруг Влатко Илиевски.

Покрај аргументите за нејзина одбрана, тој открива интересни детали за тоа зошто дел од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ не биле, или биле само под благ прогон на правосудните власти, односно како се „избориле“ за својот мир.

- Advertisements -

Уште со самиот старт на работата на СЈО се правеа калкулации од страна на правосудните власти во комуникација со одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ за тоа на кои предмети да им се даде приоритет, кој од поранешните функционери ќе бидат обвинети, во колку предмети и кој од нив ќе биде обвинет со обвинителен акт а кој со обвинителен предлог. Па така, како прв приорететен предмет се наметна набавката на мерцедесот и набавката на 300-те возила во МВР, а меѓу топ приоритетните предмети беше и случајот Насилството во Општина центар и предметот „Тревник“ за викендиците „дивоградби“ на браќата Павловиќ.

По кој критериум се одлучувало токму овие предмети каде што нема ни К од корупција или организиран криминал да имаат приоритет? Или зашто одредени лица кои беа етикетирани како најодговорни за криминалите СЈО ги гонеше со обвинителен предлог? Што се случува со предметот за Скопје 2014-та?

Како испадна на крај само Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски реално да одговараат за „штетата“ (која всушност не постои но мораа со разни правни акробации на мускули да ја создадат бидејќи цел предмет ќе им паднеше во вода) за системот за прислушкување Nice Track? Како министрите и други функционери, кои беа клучни фигури во извршната власт и чии министерства / инситуции беа големи набавувачи на опрема воопшто не беа опфатени со обвиенија или беа опфатени со обвинителни предлози?, прашува Илиевски.

На прашањето на „Фокус“ која е неговата теза за ваквата ситуација, односно зошто дел од поранешните функционери се „амнестирани“, тој вели:

Рационалното објаснување е дека тие „амнестирани“ лица со своето пасивизирање или дејствување (зависно за кој станува збор) треба да помогнат ВМРО-ДПМНЕ да остане слабо и поделено за да не може да оствари изборна победа и покрај катастрофалното владеење на оваа власт. Можеби на некои од нив им се помага да бидат репрезенти на „новото лице“ на ВМРО, не знам…

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот „Фокус“ кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости