Икарди заврши со Интер

by fokus

Напаѓачот Мауро Икарди ќе ја продолжи кариерата во Пари Сен-Жермен, пренесува Скај Италија.

Според изворот, двата клуба се договориле за договор за Аргентинецот, кој пред да стане дел од ПСЖ треба само да ги помине медицинските прегледи.

Францускиот шампион го изнајмува Икарди за една сезона за пет милиони евра со право на купување за 65 милиони евра.

Минатата сезона Икарди одигра 29 натпревари во Серија А, постигнувајќи 11 голови.

Поврзани новости