Игор Тудор е нов тренер на Јувентус

by Fokus

Игор Тудор е новиот тренер на Јувентус. Откако италијанските медиуми изминатите неколку дена објавија дека Тудор е еден од главните кандидати за преземање на клупата на тимот од Торино, сега пристигна официјална потврда од Јувентус, кој веста ја објави на официјалните канали.

Еден од кандидатите за преземање на клупата беше Роберто Манчини, но според италијанските медиуми тој побарал превисока плата и гаранција дека ќе остане на клупата до крајот на сезоната, што Јувентус не сакаше да го исполни, па Тудор стана главен кандидат, а потоа и тренер на клубот во кој своевремено настапуваше.

Во својата тренерска кариера, Тудор ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Хелас Верона, Марсеј и Лацио, со кои раководеше до јуни 2024 година и оттогаш е слободен. Тој беше помошник тренер на Јувентус од август 2020 година до мај 2021 година, кога Андреа Пирло беше главен тренер.

Јувентус моментно е петти во Серија А со 52 бода, со дури 13 нерешени на 29 натпревари, а под водство на тренерот Тиаго Мота испадна од Лигата на шампионите, Купот на Италија и Суперкупот.

Поврзани новости