Игор Југ му се закани на Груевски: Така ли ни враќаш Николче?!

by fokus

Фала што не намести на 27-ми, фала што не нарече насилници, вака уапсениот Игор Југ ја почнува пораката до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објавена на социјалната мрежа „фејсбук“.

Југ му се заканува на поранешниот премиер и му вели дека воопшто „не му е гајле што они гинеле за него, и што скокале во оган“. Тој е уапсен за инцидентите од крвавиот четврток во Собранието, каде упадна заедно со толпа демонтранти, а со себе носеше и огнено оружје подготвен да го употреби во секој момент.

„Сега нека ти трчаат Бетмен и бандата, ако и они не ти избегаат како директорчињата и раководителите што ги доведе од СДС, ЛДП и СП. А јас ќе ти вратам, барем пет минути да го вкусиш она што ти мене ми го направи и на сите други што не предаде! Тепав луѓе ти да бидеш претседател на партијата во Охрид 2003!!! Ти текнува??? Така ли враќаш Николче!? Те памтам жолта Застава 101 кога возеше, немој мене виноќа да ми продаваш!!!“, пишува тој.

 

Поврзани новости