Игор Југ: Која земја би ме заштитила како убиец на премиер?

by fokus 19:51
19:51

Обвинетиот за крвавиот четврток, Игор Југ, во воведниот говор пред судот поставуваше прашања за неговата улога за која го товари Обвинителството, објави Макфакс.

„Кој нормален налогодавец, покрај илјадници воени и полициски специјалци, од 20 или 30 години, ќе најми 47-годишен ветеринарен техничар, дијабетичар, со притисок 200 со 100, за убиец“, праша Југ.

- Advertisements -

Тој рече дека влегол низ главната врата и бил сниман од собраниските камери како лута 1 час бидејќи влегол првпат во Собранието. „Како ќе влезам во Собранието без маска, висок речиси метар и 90 сантиметри, тетовиран по целото тело, со брада тогаш речиси до градите? Носев маичка со куси ракави од ХОС (хрватске одбранбене силе)“, рече обвинетиот. !„Јас сум најлесен плен за собраниските камери. Секој мој гест го има на нив“, рече Југ.

„Која земја би ме заштитила како убиец на премиер“, запраша обвинетиот и додаде дека 5 месеци по настанот бил уапсен во својот дом.

 

Поврзани новости