Идните македонски амбасадори нема да имаат двојни државјанства

by Fokus

Министерството за надворешни работи се откажа од можноста идните македонски амбасадори да имаат двојни државјанства. Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес конференција.

„Во однос на шефовите на ДКП-ата го зацврстуваме решението дека само државјани на РС Македонија можат да избрани за шефови на ДКП односно за амбасадори, но тоа што е исклучително важно е дека поставуваме минимален лимит од 75% од амбасадорите да бидат од МНР, односно професионални дипломати“, изјави министерот за надворешни работи Османи.

Поврзани новости