Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски ги демантираше информациите кои ги пласираа провладините медиуми дека ја ја напуштил коалицијата со СДСМ.

-Гледам денес медиумите објавуваат се и сешто. Партијата ПЦЕР нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ како што пишува Сител. Ова не е точно и сакам да информирам дека ние се уште сме во коалиција со СДСМ. Деновиве на прес конференција ќе ја информираме јавноста за нашата коалиција, напиша Ибраимоски.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.