Ибраимовски: Нека клекне колешката Затуровска 11 минути да видам дали ќе може одма да стане

by fokus

Пратеникот, Самка Ибраимовски, и реплицираше на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска на денешната собраниска расправа, посочувајќи дека не може да се поправи за една година, она што е направено изминатите единаесет години.

Тој прво сакаше да и постави прашање на Затуровска, но собранискиот спикер го спречи велејќи му дека не може пратеник на пратеник да поставува прашање.

-Нека клекне колешката Затуровска 11 минути да видам дали ќе може одма да стане. Не може по 11 години се за една година да се направи. Кога барав да се укине радиодифузна такса молчевте. Затворија невини луѓе за „Монструм“ молчевте, потрошија 600 милиони евра за споменици, вие пак молчевте. Го уништуваат државното здравство за да го финансираат приватното на Орце Камчев, вие молчевте. И кога некој се труди тоа да го врати во нормала вие го нарекувате предавник. Не можеме да ја спречиме корупцијата, таа е од ваша страна направена. Сеа почнаа пресудите. После 11 години нема да можете да ја препознаете Македонија – рече Ибраимовски.

Поврзани новости