На протестот од Шарената револуција пред Собранието на демонстрантите им се обрати претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски кој рече дека финалната победа ќе биде на граѓаните.
-Амди Бајрам вели дека е Кока Кола, но јас ќе го направам дестилирана вода. Мора да има демократија за сите, па и за Ромите. Финалната победа ќе биде наша, граѓаните ќе одлучат, рече Ибраимоски во своето обраќање.