Ибрахимовиќ сака подолг договор со Милан

by Fokus 12:10
12:10
Милан е во потрага по нов централен напаѓач и веќе неколку месеци преговара со Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, но главна пречка за враќање на големата ѕвезда на „Сан Сиро“ се несогласувањата околу времетраењето на договорот.
Според медиумите на Апенините, „росонерите“ сакаат да го ангажираат 37-годишниот ветеран само до крајот на сезоната, но Швеѓанецот, кој планира да го напушти Лос Анџелес Галакси откако тимот не успеа да стигне до плејофот, сака минимум 18-месечен договор со Милан.
За да се надминат овие разлики, агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола веќе пристигнал во Милано.
Прашањето за неговата плата сепак не е пречка за преговорите. Швежанецот сака годишен надомест од шест милиони евра, што значи дека на „Сан Сиро“ би доби девет милиони за една и пол година.
Овие барања се вклопуваат во буџетот на Милан.

Поврзани новости