Иако не кажува според кој закон, Ѓорчев упорно ја кани Јанева на седница

by Фокус

И денеска како што беше очекувано се одложи седницата на Комисијата за политички систем на која требаше да се разгледува извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. Пратениците на опозицијата иако инсистираа претседателот од ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, да им објасни врз основа на кој закон ја наметнува тезата дека Јанева е неопходно да присуствува, не добија одговор.

Едноставно Ѓорчев само констатира дека Јанева ја нема и постојано ја презакажува седницата за наредниот ден, како што направи денеска за утре. Дополнителен аргумент, освен што нема законска обврска, е изјавата на самата Јанева дека нема намера да се појави пред пратениците. Затоа е нејасно зошто Ѓорчев у упорен со одлагање на седницата, а со тоа и на разгледување на извештајот.

Поврзани новости