И заменик-директорот на кумановската болница е позитивен на Ковид 19

by Фокус

Заменик-директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи, преку фејсбук информира дека е позитивен на коронавирусот.

„По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен“, објави Исуфи, истакнувајќи дека тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

Тој апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, како што вели, секој од нас е одговорен за последиците.

Поврзани новости