И Заев и Мицкоски убедени во победа на изборите

by Fokus

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.

– Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски.

Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот за советници, како и најдобрите програми.

– Анкетите што го покажуваат трендот како се случува, така ќе се случи и на овие избори, јас немам дилема. Затоа што треба да спроведеме успешна кампања, да ги доближиме сите проекти, идеи, визии, а секако и личноста на кандидатите пред граѓаните за да може да ги мотивираме да излезат на гласање и да изберат што е најдоброто за нивната општина. Во еден таков аспект настапуваме и со најбројната коалиција, ние сме со 22 политички партии, дополнително, ДУИ, БЕСА и ДПА и тоа е Коалиција на иднината, нагласи Заев.

Поврзани новости