И за Димитриев логично е победник да коалицира со победник

by fokus

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новоотворената градинка во општина Аеродром, премиерот Емил Димитриев рече дека е логично победник со победник да ја составуваат новата влада.

-Како партија го овластивме претседателот Никола Груевски да ги води разговорите за состав на новата влада. Во моментот не сакам да прејудицирам било што околу преговорите кои се во тек. Рокот го знаеме и секако дека ќе мора да има одреден епилог, додаде Димитриев.

Димитриев очекува дека ќе се надмине кризата и оти по формирањето на новата влада ќе почне реализацијата на проектите коишто се од интерес за граѓаните.

Поврзани новости