И во мај двоцифрена инфлација од 11,6 проценти

by fokus

Зголемувањето на трошоците за живот во мај во однос на ланскиот мај е 11,6 проценти, измери Државниот завод за статистика. На месечно ниво има мал раст на трошоците за живот од само 0,4 процененти.

Статистичарите евидентираа дека има месечно намалување на трошоците за маслото и маснотиите за 2,4 проценти, на млекото за 1,6 проценти, и на лебот и житатата за 0,7 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13,3 проценти, свежото и разладеното овошје за 8,5 проценти, рибата и морските плодови за 1,6 проценти, жестоките пијалаци за 0,8 проценти, сирењето и урдата за 0,5 проценти, месото за 0,4 , кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0,3, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 проценти.

Додека инфлацијата се мери според меѓународен стандард, како трошок за лична потрошувачка по намена, Државниот завод за статистика мери и движење на цени на мало. Според овој податок , цените на мало во мај во однос на ланскиот мај се зголемиле за 7,5 проценти, а на мај во однос на април се намалиле за 0,9 проценти. Притоа, годишниот раст на цените на прехранбените производи е 12,7 проценти.

Поврзани новости