И в година еврообврзница за покривање на минусот во буџетот

by fokus

Владата доцна вчеравечер го одобри најголемиот буџет досега, кој планира да го троши во 2017-та година.

Владата планира да потроши вкупно 3,35 милијарди евра, догодина што е 5,5% повеќе отколку годинава. Од друга страна, од даноци, придонеси и други давачки за граѓаните и фирмите, властите планираат во државната каса да инкасираат 3,05 милијарди евра, што значи дека ќе се потрошат околу 300 милиони евра повеќе пари од приходите, кои што ќе се обезбедат со задолжување на државата.

Буџетскиот дефицит е позицониран на 302 милиони евра  или 3 % од БДП. Во однос на годинашниот е намален за скоро 42 милиони евра.

За покривање на дефицитот, Владата догодина планира да издаде уште една еврообврзница.

 -Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2017 и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство со издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти – се наведува во буџетот.

Инаку, оваа година Владата сакаше да издаде еврообврзница од 600 милиони евра, која по реакциите на опозицијата која испрати и предупредувачко писмо до кредиторите, беше намалена на 450 милиони евра.

Поврзани новости