И се заканувале дека ќе фрлат молотов коктел во продавницата, ако ќерката и не гласала како што и кажале во Советот на Гази Баба

by Fokus

Педестгодишен маж од Скопје се заканувал дека ќе фрли молотов коктел во продавница, доколку со 26-годишната девојка не се договориле околу гласањето во Советот во општина Гази Баба, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17 часот во Скопје И.Т. (44) пријавила дека во нејзината продавница во населбата Ќерамидница дошле две непознати лица на возраст од околу 50 години со патничко моторно возило „Мерцедес“.

Според пријавеното, едно од лицата ја побарало З.Т. (26) – ќерка на И.Т., за, како што рекло, според пријавеното, да се договори со неа за гласање во Советот во општина Гази Баба, а за тоа понудил помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т. Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрлело молотов коктел во продавницата.

На лице место се упатени полициски службеници од ПС-Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости