И пред МКЦ црвен килим, следење на оскарите во живо

by Fokus

Пред Македонскиот Културен Центар (МКЦ) поставен е црвен тепих по повод доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес.

Македонскиот документарец „Медена земја“ е номиниран во две категории:

Најдобар документарен филм

Најдобар странски филм

 

Оскаровската ноќ – меѓу најгламурозните настани на планетата што се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот, по наше време  ќе почне во 2 часот,  а час и половина претходно ѕвездите ќе поминат на црвената патека пред театарот „Долби“.

Доделувањето на наградите ќе се пренесува онлајн на oscar.go.com, телевизискиот пренос кај нас ќе го има на ТВ Телма. Директно следење на шоуто по полноќ ќе организира и Младинскиот културен центар каде што претходно, од 22.30 часот, ќе биде прикажан „Медена земја“ и ќе настапи групата „Фолтин“ кои ја направија музиката за филмот. Влезниците се бесплатни и треба да се подигнат на билетарницата на МКЦ.

 

Поврзани новости