И поранешниот министер за култура на распит во СЈО

by fokus 12:46
12:46

Поранешниот министер за култура, Арифхикмет Џемаили од ДПА, пристигна во Специјалното јавно обвинителество. Тој на позицијата министер за култура беше пред сегашната министерка Елизабета Канческа-Милеска.

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека не смее да дава детали кои и зошто е повикан на распит, но со оглед на тоа дека во време на мандатот на Џемаили беа потпишувани првите документи за проектот „Скопје 2014“, може да се претпостави дека тоа е темата на распитот.

Деновиве во јавноста се шпекулираше дека на распит е повикана и поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова, во чиј мандат исто така започна со реализиација „Скопје 2014“.

 

ФОТО: ПлусИнфо

Поврзани новости