И покрај сите опомени што ги доби, Груевски и денеска доцнеше 10 минути во судница за насилството во Центар

by Fokus

И покрај сите опомени што ги доби, поранешниот премиер Никола Груевски и денеска доцнеше десет минути во судница за слуачајот „Насилство во општина Центар“.

Случајот кој го отвори СЈО е врз основа на прислушуваните аудио разговори што ги објави опозицијата, каде според нив, Никола Груевски нарачува насилство врз Андреј Жерновски и општината со зборовите:

„Некој да му удри два три силни шамари, за тоа нема тешка телесна повреда и ќе пројде само со прекршочна, а не со кривична пријава“.

В.В.

Поврзани новости