И од Велес се може: Ако имате бизнис идеја, ова е шанса да ја реализирате

by Fokus

Се раздвижува стартап сцената во Вардарскиот регион  со повикот за проектот “И од Велес се може” кој го реализираат Преда Плус Фондацијата од Битола и Х Фактор Акцелераторот од Велес. Повикот е наменет за сите оние кои имаат претприемачки дух и сакаат својата идеја да ја преточат во бизнис.

Ова е специјално дизајнирана претприемачка програма која ќе се погрижи да дефинира бизнис планови на избраните апликанти, да ги изгради потребните вештини за водење на идниот бизнис и да ги зголемите можностите за вмрежување и пристап до потенцијални инвеститори.

„Програмата е раководена од исклучителен и професинален тим  и специјализирана е да им помогне на претприемачите во подобрување на стратегиското на работење, интернационализирање, пристап до нови пазари и развивање на добитна стратегија за финансирање” истакнува д-р Маријана Милевска, извршна директорка на ПРЕДА Плус фондацијата.

Целиот процес на менторирање е бесплатен, а аплицирањето е многу едноставно преку https://iodvelessemoze1.typeform.com/to/QCdRIL Повикот е отворен до 31 Јануари, 2020 година.

„Заедничката програма на Преда Плус од Битола и X Фактор Акцелератор од Велес, има голема важност за раздвижување на претприемачката сцената и надвор од Скопје. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите кои имаат некаква идеја за бизнис, да се пријават за учество во оваа програма. Ќе имаат ретка прилика, бесплатно, со поддршка на искусни ментори и практичари да ја доразвијат својата идеја и да ги зголемат шансите за успех.” изјави Игор Андреев, директор на Х Фактор Акцелератор од Велес, кој веќе обезбеди експерти во различни области кои ќе ги вршат обуките.

Поврзани новости