И натаму продолжува натпросечното топло време

by fokus 08:24
08:24

Натпросечното топло време кое ја зафати нашата држава ќе продолжи и во текот на следните денови, па така и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во најтоплите предели од државата истите се очекува да се искачат и до 20 степени.

Наутро сепак ќе биде релативно студено со минимални температури кои ќе се спуштаат претежно од 3 до 10 степени, додека на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Врнежите кои ги услови циклонот СИМЕОН исто така ќе се поместуваат кон исток и ќе престануваат. Повремен локален дожд и услови за ретки грмежи ќе има и утре, додека потоа ќе имаме два до три денови со постабилно и посуво време.

- Advertising -

И денеска ќе дува засилен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, додека својата брзина ветерот ќе ја намали од утре.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости