И напад врз здравствен работник ќе се смета за напад врз службено лице

by fokus

Присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

-Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице. Присилба, загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие. На овие законски измени неколку месеци работевме заедно со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно, соопшти Филипче.

Поврзани новости