И на Пелистер црно му се пишува?

by Fokus

Фудбалскиот клуб Пелистер е во незавидна позиција, иако минатата сезона успеа да се спаси и да избори опстанок во лигата.

Ситуацијата во клубот е неизвесна, а голем дел од фудбалерите си заминаа од клубот – а тоа прави нови главоболките за битолчани.

Тимот од Битола има рок од ФФМ до 15 јули да регистрира 12 професионални фудбалери, за да добие лиценца за настап во ПМФЛ во наредната сезона.

Доколку не се случи такво сценарио, на Пелистер му се заканува и исфрлање од Првата лига.

*Преземена фотографија

Поврзани новости