И на Оскарите не е се медено, лути реакции на јавноста: Каде ви е Лук?

by fokus

Последниот филм во кој што се појави популарниот холивудски актер Лук Пери, пред да почине ненадејно на 4-ти март минатата година е ,,Беше еднаш во Холивуд”.

За истиот филм, синоќа на церемонијата на доделување на Оскарите Бред Пит доби Оскар за најдобра машка споредна улога.
И покрај тоа што фановите на Пери очекувале тој да биде спомнат во меморијалниот дел на церемонијата, тоа не се случи, а неговото изоставување го предизвика гневот на социјалните мрежи.

Голем број на светски познати медиуми веднаш објавија критики на сметка на Оскарите поради ,,исклучувањето” на актерот, по неполна година од неговата смрт, а револтирани корисници на социјалните мрежи прашуваа – Каде ви е Лук? Тој беше дел од најноминираниот филм ноќва, зарем така бргу го заборавивте?

Пери и стана познат на светската јавност по својата улога во хит серијата ,,Беверли Хилс,,. Минатата година, само една недела по Оскарите, ненадејно почина на 52-годишна возраст од мозочен удар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости