И на Кардашијан не им е лесно: Редовно под нож за да се зачува имиџот на перфекција!

by fokus

Кардашијан, едно од најпознатите семејства на светот, кое на некој начин ги диктира стандардите за мода и убавина кои милиони девојки и жени слепо ги следат, деновиве повторно беше во центарот на вниманието со венчавката на Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер.

Спонзор на венчавката на ѕвездата од реалното шоу бил модниот гигант Долче и Габана, а фотографиите од раскошот кој се случувал во Портофино, Италија, ги наполнија светските медиуми.

Но, иако пропагираат беспрекорен изглед и тврдат дека се на нив е дело на мајката природа, сепак членовите на популарната фамилија не изгледале секогаш перфектно, а нивниот изглед од минатото драстично е променет со тек на годините.

Постари фотографии, пред времето на ботоксот, бразилското подигање на задник, ринопластиката, затегнувањето на лицето и вратот, често можат да се најдат во странските медиуми, кои во чекор ги следат сите случувања на сестрите кои имаат најмногу следбеници во светот на социјалните мрежи.

Според тврдења на американски познати естетски хирурзи, фамилијата Кардашијан заедно има десетици хируршки зафати на кои се должи нивниот сегашен изглед.

Нивните трансформации низ годините се доста очигледни, а американските естетски експерти сметаат дека притисокот на јавноста и очекувањата популарните девојки секогаш да изгледаат убаво и младолико, го направиле своето.

-Тие се постојано пред камерите, изложени на погледите на целиот свет кој од нив очекува перфекција. Искрено, не е лесно да се издржи тој постојан притисок и да се задоволат очекувањата на јавноста, постојано да се изгледа младо и совршено.
Затоа не изненадува податокот дека се повеќе славни личности редовно одат под нож и ги следат сите новитети во естетската хирургија. Тоа е сепак, дел од нивната професија, да се нуди младоликост и естетика при секое нивно појавување – појаснуваат познати естетски хирурзи, кои со години наназад ги анализираат физичките промени кај Кардашијан.

Вики Клинчарова

Поврзани новости