И министерката Канчевска-Милевска дојде на распит во СЈО

by fokus

По бизнисменот Јордан Камчев кој утрово се појави во Специјалното јавно обвинителство во својство на сведок во предистражна постапка, во обвинителството пред малку влезе и актуелната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Од обвинителството не откриваат во кое својство е повикана министерката Канчевска Милевска, дали како осомничена или сведок, но познато е дека СЈО води предистражна постапка за проектот Скопје 2014.

Поврзани новости