671
По бизнисменот Јордан Камчев кој утрово се појави во Специјалното јавно обвинителство во својство на сведок во предистражна постапка, во обвинителството пред малку влезе и актуелната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска.
Од обвинителството не откриваат во кое својство е повикана министерката Канчевска Милевска, дали како осомничена или сведок, но познато е дека СЈО води предистражна постапка за проектот Скопје 2014.