И Мијалков во Ѓорче, ситуацијата и натаму тензична!

by lali 00:31
00:31

Директорот на УБК Сашо Мијалков пред малку беше во Ѓорче Петров на местото каде има тензии меѓу полицајците и жителите кои излегоа на улиците поради убиството на 18 годишното момче што се случи попладнево.

Во Ѓорче има стотици полицајци од специјалните единици Алфи, популарните Желки и забележливо е присуство на оклопни возила.

- Advertisements -

Искршени се десетина дуќани, а пред очите на екипата на „Фокус“ беше приведено едно момче кое наводно кршело излог.

Насобраната толпа ги каменуваше полициските автомобили, при што е погодена жена во главата која бараше медицинска помош, по што пристигна амбулантно возило.

Поврзани новости