И мажите и жените на иста возраст во пензија

by fokus

Со предвидените пензиски реформи не е предвидено намалување на старосната граница за пензионирање, туку нејзино изедначување меѓу мажите и жените, што е уставна категорија, односно изедначување на правата и обврските меѓу овие две категории, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој најави дека следната недела ќе има меѓуресорски состанок на кој ќе се оди со конкретни предлози.

Премиерот Зоран  неодамна изјави дека од јануари следната година, со новиот закон кој допрва ќе се донесе, во пензија ќе се оди задолжително на 64 години.

Поврзани новости