И Лолита Ристова од СДСМ не гласаше за новата влада

Таа не присуствувала на седницата, бидејќи е позитивна на ковид 19, велат од нејзината партија.

by Фокус 00:04
00:04

Новата влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски вечерва беше избрана со 62 гласа, или два помалку од оние 64 пратеници, колку што имаат СДСМ, ДУИ, Алтернатива и другите „помали“ коалициски партнери.

Фокус денеска прв ја објави информацијата дека Меџити нема да гласа за владата поради несогласувања со дел од кадровските решенија, поточно со изборот на сопартијците Артан Груби и Бујар Османи за министри за политички систем и надворешни работи.

Изет Меџити од ДУИ нема да гласа за новата влада

Покрај него, втората пратеничка од владејачкото мнозинство која не гласаше за новата влада е Лолита Ристова од редовите на СДСМ.

Како што не информираа од партијата, Ристова не присуствувала во Законодавниот дом бидејќи била позитивна на ковид 19.

В.С.

Поврзани новости