И како Мајка Тереза можеме да направиме мали работи со голема љубов, порача албанскиот претседател Мета

by fokus

Албанскиот претседател претпладнево упати порака по повод двегодишнината од прогласувањето на Блажената Мајка Тереза за светица.

Во пораката,објавена на фејсбук,Мета  повикува да се отворат нови хоризонти, радост и надеж, разбирање и љубов за оние кои имаат најмногу потреба за тоа.

– Денот на Светата Мајка Тереза е празник за сите Албанци и католичкиот свет. Светата Мајка Тереза е извонреден пример за љубов без никаков услов и постојано проширување на мисијата за грижа за секој кој страда, без оглед на националноста, расата, религиската или социјална припадност. По нејзиниот пример, овој ден не повикува сите да отвориме нови хоризонти, радост и надеж, разбирање и љубов за оние кои имаат толку многу потреба за тоа, напиша Мета.

Поврзани новости