И Иванов го шетал синот кај папата Франциск, но и кај Вартоломеј

by Fokus 15:07
15:07

Одлуката премиерот Димитар Ковачевски за своја придружничка во Ватикан да ја земе својата ќерка, предизвика реакција кај јавноста, а поранешниот амбасадор во Рим Оливер Шамбевски рече дека ова е првпат македонски политичар да направи ваков преседан и дека досега во историјата на посети на светата столица е забележан само синот на Александар Лукашенко.

Сепак „Фокус“ своевремено во неколку наврати пишуваше за официјалните посети на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов кој најчесто патуваше со својата сопруга, но и синот Иван.

-На огромно задоволство и воодушевување на речиси целата македонска јавност, а и пошироко, го проследивме Пиар-филмот „Претседателот д-р Ѓорге Иванов во официјална посета на Ватикан“. Придружуван, но и поддржуван, од сопругата Маја Иванова, што можеби е вообичаено. Но, за посетата да биде уште поофицијална, изгледа Хорхе решил во делегацијата кај Папата Франциско да биде и неговиот син, што е крајно невообичаено. Eдинствен што на средби кај Папата го носи својот син е претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Но, донекаде има оправдување, малолетен е објави „Фокус“ на 6 ноември 2015 година во бројот 1048  .

Сепак не била само оваа посета, Иванов својот син го носел и на официјалната посета заедно со МПЦ  на вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул.

Според официјалното соопштение тогашниот македонски претседател  во април 2018 година во  Истанбул остварил средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Иванов на средбата бил придружуван од неговата сопруга, синот, соработници и амбасадорот на Македонија во Турција.

-Е тоа е, и таков е, сѐ уште претседателот д-р Ѓорге Иванов. Ако не е на некој Самит, тогаш е на некој Форум. Се разбира, ем глобален, ем меѓународен, кој од кој позначаен. И, ене го пак во Истанбул, на Евроазиски економски самит. Свечено се обраќа, патем и бизниси развива, а и награди си собира. Најсе. Туку, нешто ич не е јасно. Што барал на средбата во Вселенската патријаршија и неговиот син. Семејна „канонска визитација“ ли е?, објави „Фокус“ на 13 април 2018 година во бројот 1175  .

 

 

 

Поврзани новости