И хотелите од четврток ќе работат по редовното работно време

by fokus 14:32
14:32

На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, објави премиерот Зоран Заев.

-Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети, појаснува Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости