И Груевски се јави за името: Со видео од А1 телевизија потсетува дека е против Северна Македонија

by fokus

И поранешниот премиер Никола Груевски се огласи за новиот предлог за името – Северна Македонија. Тој на социјалната мрежа фејсбук објави две негови изјави од времето кога беше премиер, истакнувајќи дека предлогот Северна Македонија е неприфатлив за него.

-Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот, напиша Груевски.

Тој прикачи две видеа од кои едното е од А1 телевизија, односно од телевизијата која тој ја затвори и за која имаше изјавено дека граѓаните не треба да и веруваат.

 

Поврзани новости