И Град Скопје се подготвува за пречекот на српскиот патријарх Порфириј

by fokus

Денеска Град Скопје го уредува просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во пресрет на утрешниот празник Св. Кирил и Методиј.

Утре во Соборниот храм заедничка литургија ќе одржат архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј.

Во пресрет на утрешниот празник, екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на средување на просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Во рамките на овие активности, на околните сообраќајници и крстосници, како и на тротоарите во близина извршена е санација на оштетувањата на коловозите, обновена е хоризонталната сообраќајна сигнализација со ноќно бележење, поставени се нови заштитни столчиња, а санирани се и оштетените столпчиња, велат од Град Скопје.

Поврзани новости