И ДОМ најавува самостоен настап во Собранието

by Фокус

Маја Морачанин од ДОМ најави дека и оваа партија планира да дејствуваат самостојно во парламентот, по примерот на ЛДП и Демократски сојуз.

-Ние исто така сме со идеја самостојно да делуваме. Затоа што имате поголема видливост, може да побарате, поефикасно да си ги промовирате своите вредности – рече Морачанин.

Таа напомена дека може да се формира и нова пратеничка група со малите партии, што, според неа, дава други привилегии.

Поврзани новости