440
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по Предлог – буџетот за 2016 година.На дневен ред на седницата е и Предлог – законот за извршување на Буџетот за 2016 година.
Во текот на вчерашната расправа опозицијата тврдеше дека вака како што е планиран буџетот за наредната година е неразвоен и недомаќински, а власта дека тој е развоен.
Пратениците имаат поднесено 418 амандмани на Буџетот за кои треба да се произнесе предлагачот.