И битолскиот универзитет бара одложување на законите кои предвидуваат државен испит

by Фокус

Откако тоа го сторија скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, како и некои приватни универзитети, и ректорската управа и сенатот на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ заклучи дека е неопходно одложување на законите за високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка, со цел да се овозможи време за разгледување и вклучување на Универзитетот во изнаоѓање оптимални решенија.

„Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, секогаш ги поддржувал и ќе ги поддржува сите реформски процеси коишто водат кон зголемување на квалитетот на високото образование. Со оглед на сериозноста на предложените измени, и потребата од активно вклучување и придонес на Универзитетот во процесот на креирање на законите кои се однесуваат на високото образование, сметаме дека е неопходно одложување на предложените закони од областа на високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка. Во таа смисла, со прифаќањето на овој предлог би се дало доволно време за темелно разгледување и анализа на предложените закони и активно и креативно вклучување на целокупниот потенцијал на Универзитетот во изнаоѓањето на оптимални решенија“, соопштија од битолскиот универзитетот.

Овие законски измени предвидуваат дополнителна проверка на знаењето на студентите, против што тие досега неколку пати протестираа.

Поврзани новости