И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

by Fokus 12:20
12:20

Атиџе Муратова, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

- Advertising -

По воведното обраќање на претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, Атиџе беше на крај претставена по министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ,  но изнуди бурен аплауз.

Поврзани новости