И Апелацијата одби изземање на судијката од „бомбите”

by fokus 18:05
18:05

Апелацискиот суд ја одби жалбата на Специјалнотојавно обвинителство на одлуката на Основиот суд кој не прифати изземање на судијката Лидија Петровска.

СЈО бараше нејзино изземање, бидејќи таа се споменуваше во една од „бомбите” што ги објави опозицијата како „сваровски судијката”, но од Апелација велат дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

- Advertisements -

-Апелацискиот суд ги ценел наводите во жалбата на СЈО, но ги одбил како неосновани и утврдил дека претседателот на првостепениот суд правилно постапил кога согласно одредбите од член 33, став 2 од Законот за кривична постапка (ЗКП), со образложено решение, го одбил барањето за изземање на судијата бидејќи не постојат околностите што предизвикуваат сомневање за непристрасност на судијата за кој се бара изземање- велат од Кривичниот суд.

Инаку, Петровска треба да постапува по обвинителниот предлог на СЈО против седум лица кои се товарат за фалсификување служебна исправа, односно за уништување на документацијата поврзана со опремата од нелегалното прислушување.

Таа беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор наводно воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска работното место го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

 

Поврзани новости