И Амди Бајрам влегува во владата, ќе добие директорски места

by Фокус

Лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, ќе стане дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, потврди предмалку премиерот Зоран Заев.

-Постигнат е договор со БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Амди Бајрам, кој делуваше независно изминативе месеци – рече Заев, додавајќи дека Бајрам нема да добие министерски места, туку, како што рече, одговорност на други позиции.

Инаку, тој долги години беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и сврте грб на партијата по поразот на локалните избори, по што почна да делува како независен пратеник и сега и се приклучува на владата на Заев.

Поврзани новости